Македонија
27. јуни 2019 - 16:38

Како да се надмине поларизацијата на општеството?

Македонија иако пред прагот на оставрување на своите стратешки цели - членството во НАТО и стартот на прегворите, останува длабоко поделено општество, вели престедтелот Пендаровски. Тој смета дека одложување на датумот дополнително ке ја разгори недовербата и  малодушноста , а ке ги засили и политиките на омразата.тонско

 -Одолговлекување на процесот на евроатлантските интеграции, само ќе го продлабочи јазот на интра и интеретнички план и дополнително ќе ги засили политиките на омраза, конфликт и предрасуди

Според Пендаровски помирувањето е  процес кој е можен само преку дијалог и толеранција. Но за да се  излезе од тој круг на омраза и поделеноста во табори, потребно е прво да се смениме себе си, посочува престедателот. И професорот Славевски  се согласува дека личниот пример е најважен во секојдневието , но и и мегу политичките партии.

– Мислам дека е најдобро меѓу претставниците на политичките партии да се постигне џентлменски договор за избегнување говор на омраза. Од СДСМ уживаат кога ќе кажат ДПМНЕ, а од ВМРО-ДПМНЕ кога велат СДС. Јас никогаш не сум го употребил изразот „комуњар“, а некој многу често и јасно го користи. Да не се навредуваме, туку да се натпреваруваме. Конкуренцијата е многу добра работа, истакна Славески.

Преставниците на мегународната заедница  порачуваат дека  власта и опозицијата треба да го заборават  реваншизмот  и да се насочат кон стратешката цел, еовроатланстката интеграција. Соработникот во францускиот сенат Кристијан Кастања очекува позитивна одлука  за датумот за македонија.

Сепак мегународните експертим посочуваат дека општество во кое поделеноста е доминантна, не  може  да прерасне во функционална демократија, што е пак клучен услов за македонските евроинтеграции,