Балкан
13. February 2017 - 10:53

Како да пукна бомба: Детали за трагедијата која однесе 3 животи

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случу на делот од магистралата меѓу Кикинда и Зрењанин, загинаа три лица.

Во автомобилот „голф 2“ настрадаа Радован С. (53), Етелка С. (46) и нејзината ќерка Дијана С. (21) сите од Ново Милошево. Голфот се судрил со џип „тојота“, со кој управувал маж од Инџија кој се здобил со полесни телесни повреди.

-До несреќата најверојатно дошло поради непрописно свртување од главниот на споредниот апт на оваа раскрсница. Тогаш голфот се обидел да сврти лево и се судрил со тојотата која доаѓала од правец на Кикинда, велат од полицијата.

Foto: S.U.

Во сообраќајката загинале Радован С. и неговата снаа Етелка и внуката Дијана.

Двете жени во страотниот судар загинале на местото, а тешко повредениот маж, кој им е роднина и сопатник починал на пат кон болница.