Живот
22. August 2015 - 9:24

Како да напреднувате во кариерата?

Напредувањето во работата не е лесна работа. Се чини дека правилата се едноставни, но често пред нас се поставуваат препреки на кои како што ни се чини, не можеме да влијаеме.

Но од таквите ситуации може и да се научи, но и станат предност, која на крајот ќе ни овозможи да совладаме нови вештини и напредување во кариерата.

Ова се на прв поглед 10 едноставни совети за напредување во кариерата, што ги посочува  Бизнис Инсајдер (Business Insider), а доаѓаат од личното искуство на Џилиен Горман Роунд, генералната директорка на магазинот Lucky.

1.Учете од лошите шефови

Во некои моменти во кариерата сигурно ќе налетате на лош шеф. Искористете го како предност и од него научете – што нема да правите кога еден ден ќе бидете на неговата позиција.

2.Работете напорно

Сигурно може да фрустрира што на почетокот на кариерата некои ваши врсници во друга работа заработуваат повеќе, иако работат помалку. Сепак, долгорочната напорна работа носи корист и ги подобрува вашите вештини.

3.Бидете скромни и умерени

Ова не значи дека треба да трпите малтретирање и вознемирување на работното место, но без оглед колку и да е тешка задачата што сте ја добиле,  работете ја со насмеано лице. Колку и да е тешко, се враќа со камата.

4.Нема се што ќе допрете да се претвори во злато

Сигурно е дека во кариерата ќе се соочите со неуспеси, но понекогаш од нив многу може да се научи.

5. Секогаш може да се напредува

И покрај неуспесите, можете и понатаму да напредувате во својата кариера. Многумина тврдат, почесто жените, дека неуспесите еднакво ги мотивирале, како и успесите.

6.Немојте да имате предрасуди кон постарите

Низ напредувањето во кариерата, речиси е сигурно дека во одредени моменти ќе управувате со вработени кои се постари од вас. Кон нив треба да се однесувате со почит и дигнитет, затоа што во спротивно тешко дека во вас ќе гледаат претпоставен.

7. Излезете од својата “зона на удобност“

Менувајте ја работната средина, работете прекувремено, имајте средби со луѓе од други култури…Излегувањето од сопствената “зона на удобност“ може да резултира со одлични искуства.

8. Не оставајте лош впечаток зад себе

Никогаш не знаете кога ќе ви притребаат некогашните контакти. Последниот впечаток што сте го оставиле за себе во некоја компанија, може да ви биде од голема корист.

9.Бидете јасни околу вашите барања

Доколку од било кои причини имате резерва кон нешто поврзано со својата работа – бидете отворени и искрени. Можеби сметате дека некоја позиција и работа не е за вас во одреден момент. Но, ако тоа искрено и реално го објасните, луѓето сигурно ќе ве почитуваат.

10. Немојте самостојно да донесувате тешки одлуки

Ако сте соочени со тежок избор, никогаш немојте одлуките да ги донесувате самостојно и изолирано, затоа што можеби ќе зажалите. Разговарајте за тоа со вашиот тим, или со некоја личност што ви е блиска.