-->
-->
Како да ја предвиде смртта: Еве што рекла Есма Реџепова во последното интервју
-->
Кралицата на ромската музика Есма Режепова почина утрово во Скопје на 73 годишна возраст, по кратка и тешка болест. Пејачката била примена во една од скопските болници во тешка здравствена состојба. За жал, таа не успеа да се избори за живот.
Есма Режепова Теодосиевска благодарение на богатата кариера поради начинот на пеење се стекна со светска слава, а во 2013 година ја понесе титулата за национален уметник на Македонија.
Во своето последно интервју, Есма раскажа за своите планови, но нагласи еден детаљ – „Ако бидам жива и здрава“
„Ако бидам жива и здрава, ќе одржам концерти во сите центри на поранешна Југославија. Замислите 23.000 пати да се качите на бина и да се симнете. ТОа не е лесно, па дури и толку пати да пеете. Како девојче бев многу немирна и бунтовна, а на 11 веќе имав солистички концерти. Многу ретко пеам во клубови, во главно настапувам пред голем број на публика која нема врска со Балканот.
Реџепова следната година требаше да одбележи 60 години од музичката кариера, поради што и планираше да настапува во центрите на поранешна Југославија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација