Живот
23. јуни 2017 - 10:05

Како човекот станал најголем грабливец?

Луѓето се единствени „ултра-друштвени“ суштества на планетава. Ние сме успеале да ја победиме „конкуренцијата“, и да ги убиеме или асимилираме сите други хуманоидни видови, пишува американскиот портал „Саенс Алерт“.

„Живееме во градови со илјадници и милиони жители и, и покрај општо познатите статистички податоци, насилството помеѓу луѓето е многу ретко. Причината за тоа е тоа што имаме многу голем, флексибилен и исклучително сложен ’социјален мозок’,” се вели во написот.

Луѓето немаат свое сопствено природно оружје, но фактот дека живееме и функционираме во големи групи (и користиме разни орудија), ни помогнал да се претвориме во најголем напасник, во грабливец, којшто убивал и цели мамути, а го предизвикал и исчезнувањето на многу други видови.

„Социјалниот мозок“ дозволува усовршување на вештините, така што индивидуите успеваат да се посветат и на раѓањето деца, нивно одгледување, на пронаоѓање и изработка на секакви орудија и сечива, меѓусебно здружување, лов, контролирање и одржување на огнот и на изнаоѓањето ресурси.