Како „блутут-от“ го добил своето име
Веројатно секој кој има мобилен телефон, барем еднаш во животот ја користел опцијата „блутут“ за безжичен и бесплатен пренос на содржини меѓу два апарати.
Но, многу малку луѓе знаат од каде потекнува името на оваа опција.
„Блутот-от“ го добил името по прекарот на викиншкиот крал Харалд Гормсон - Блутут.
Како што објави компанијата „Ериксон“ на својата официјална интернет страница, Харалд живеел во 10. век и владеел се територии во денешна Данска и Норвешка.
Тој во историјата останал запомнат како прв владетел кој ја промовирал комуникацијата меѓу двете територии под негова управа, раздвоени со Северното Море.
Во еден запис од 1140 година се наведува дека Харалд го добил својот прекар „Блутут“ (Син заб), затоа што еден од неговите заби бил потемен и наликувал како да е со сина боја.
Според други тврдења, прекарот го добил затоа што секогаш носел сина облека, со што сакал да го нагласи своето кралско потекло.
Постојат и други теории за потеклото на прекарот, но за ниту една од нив нема сигурен доказ.
За поврзаноста на кралот Харалд со опцијата „блутут“ доказ е и нејзиниот симбол, кој претставува спој на две руни од неговите иницијали, кои биле многу популарни во северна Европа во тој период. сп/15:05
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили