Бизнис
31. October 2019 - 16:50

Како бизнисот гледа на политичките сојузи на државите?

Бизнисот си ги наоѓа патиштата, но не на одмет државата да помага. Од Руско македонската стопанска комора велат дека како европските компании што соработуваат со фирмите од Евроазиската економска унија, така и домашните го прават тоа.

Извозот кон овој пазар од 185 милиони потрошувачи, од кои 140 милиони се во Русија постојано расте. Земјава таму главно извезува земјоделски производи.

Македонија со Русија нема договор за слободна трговија туку само листа со стоки за кои се плаќа за 25% помалку царина.

Децениските намери за склучување договор со кој целосно ќе се олесни трговијата меѓу двете земји никогаш не се остварија, а сега се нереални.

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ ги покани Макеоднија и Албанија да пристапат кон ЕАЕУ. Премиерот рече дека покана нема и дека и да има земјава нема да ја прифати.

Лидерот на опозицијата на иста линија смета дека едиснтвена опција за земјва е ЕУ, а дека Македонија треба билатерално да склучува договори со други земји.

За разлика од земјава, Србија која исто така има европските аспирации, минатата недела склчи договор за пристапување кон ЕАЕУ и очекува раст на ивозот од 30% кон земјите членки.

Видеа од Бизнис