-->
-->
Како би изгледале со 10 килограми повеќе или помалку, погледнете овде
-->
Апликацијата "Model My Diet" овозможува на жените по видот на нивното тело, големината на градите и висината да откријат како ќе изгледаат со различна килажа, што претставува одлична "слика" за оние кои нешто сакаат да променат.
Некој сака да се здебели, поголемиот дел да ослабат, а најмал дел сметаат дека ја имаат идеалната тежина - предвидувањето како би изгледале со друга тежина сите ги интересира. Токму во тоа може да ви помогне апликацијата "Model My Diet" во која треба да ги вметнете само вашите податоци.
Кај висината потребно е одерете метричен избор, облик на тело од кој се нуди крушка (поголеми колкови и нозе, потенок горен дел), јабука (поголем гради и стомак, а послаби колкови и нозе), и фигура на песочен часовник (пропорционална градба со истакната половина), големина на гради (мали, средни, големи). Со одбирањето на повеќе опции можете да го одберете тонот на кожата, возраста, обликот на очите, носот, усните, фризурата и бојата на косата се со цел моделот да биде сличен на вас. Исто така можете да ја прилагодите позадината и облеката на моделите.
Овој модел прикажува жена со фигура на песочен часовник и големи гради, висока 170 сантиметри во две верзии - со 60 и 80 килограми.
Овој модел прикажува жена со фигура на јаболко и големи гради, висока 170 сантиметри со 60 и 80 килограми.
Овој модел покажува жена со фигура на крушка и мали гради, висока 170 сантиметри со 60 и 80 килограми.
За да пристапите на апликацијата кликнете ОВДЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж