Кајнак: Турција гради нова воена база на сириска територија
Турција планира да формира воена база на територијата на Сирија, во близина на градот Ал Баб, соопшти турскиот вицепремиер Вејси Кајнак, цитиран од ТАСС.
- Генералштабот и натаму работи на изградбата на новата воена база во Сирија, за која знае цела светска заедница. Планирано е таа да биде изградена во реонот на ридот Акил, на запад од Ал Баб, изјави Кајнак, цитиран од весникот „Хуриет дејли њуз“.
Тој забележа дека ова место е една од стратегиските височини во реонот, каде претходно беа водени борби меѓу турската армија и џихадистите од Исламска држава.
Вицепремиерот напомена дека Турција сега има база во непосредна близина на границата, во селото Ар Раи, во северна Сирија.
Кајнак, исто така, соопшти дека во екот на операцијата „Еуфратски штит“ околу 8.000 турски војници војувале против ИД во Ал Баб, а сега нивната бројност на територијата на Сирија е скратена на 1,500 лица.
Со намера да ја обезбеди сигурноста во северна Сирија по операцијата, „турската Влада почна да ги подготовува локалната полиција и жандармерија“, додаде вицепремиерот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО