Спорт плус
28. July 2022 - 17:13

Кајакарката Олгица Мелова од Демир Капија на светско првенство во Германија

Кајакарката Олгица Мелова од Демир Капија за првпат учествува на светско првенство во Аугсбург, Германија, информираше денеска Дарко Илиевски, тренер на демиркапискиот кану и кајак клуб ,,Просек”.
 
-Седумнаесетгодишната демиркапијка претходно настапи и на светското првенство во кајак на дива вода до 18 години, во Ивреа, Италија, на една од најтешките стази во светот, појасни Илиевски за МИА.
 
На двете првенства, македонската кајакарка била во ТИП кампот за млади надежни кајакари.
 
-Германците слават 50 години од Олимпијада, а ние и посакуваме многу успех на Мелова и сите други учесници на првенството, порача Илиевски.
 
Тој потсети дека демиркапискиот клуб има долга традиција и бројни награди низ годините.