Спорт плус
10. May 2017 - 16:26

Кајакари од 18 земји на ЕП на Матка

Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи на патеките на реката Вардар и Матка во Скопје.
176 учесниви од 18 земји ќе продифелираат со своите кајаци во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје.
Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик. Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на Македонија, која во изминативе години е водечка во организирање на натпревари од меѓународен карактер.
Така за организација на овој настан од буџетот на Агенцијата се одвоени 1,2 милиони денари. Свеченото отворање на настанот е плоштад Филип II Македонски со почеток од 20 часот. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Скопје и пошироко да бидат дел од оваа манифестација која има огромно значење како за градот Скопје, така и за Македонија, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
На прес конференцијата зборуваа и претседателот на кајак федерацијата на Македонија Коста Ефтимов, како и спортскиот директор на кајакарската федерација на Македонија и технички организатор на натпреватрот, Атанас Николовски.
Припремите за старт на Европското првенство во кајак на диви води е во завршна фаза. Очекуваме оклу 180 старта, што укажува на масовност на ова натпреварување, а за квалитетот зборува учеството на словакот Матеј Пенуш, второпласираниот на ОИ Рио, Нејц Ждинанчиќ од Словенија, Томислав Леко од Хрватска, како и одличниот тим од Франција, сите кои во моментов се во врвот на европскиот и светски врв, истакна Николовски. Посебно е задоволството што овогодинешниот меѓународен календар на натпревари стартува токму од Македонија, која е домаќин на Европското јуниорско во 2018, но е и еден од посеризните кандидати за организација на светското сениорско кое е на календарот на натпревари во 2019.
Тој изрази голема благодарност до сите волонтери од Македонија, на кои на големо задоволство им се приклучуваат и волонтери од Босна.
Македонскиот тим брои 7 натпреварувачи од кои 4 во К1, 1 во Ц1 и двајца во Мастерс. Најмногу се очекува од Љубомир Спасиќ, вториот од европскиот куп во спринт.