Живот
6. August 2015 - 12:55

Кај овие кокошки се е црно, од кожата до органите!

Необичен вид на кокошка, наречена „ламборџини кокошка“, е една од најлуксузните производи кои ги посакуваат богатите.
 
„Ајам Цемани“ е всушност вид на кокошка која е целосно црна, дури и кожата мускулите па и органите во неа.
 
Овие кокошки не се многу познати надвор од Индонезија, но тоа може да се промени во блиска иднина.
 
Еден од наголемите одгледувачи на овој вид е фармата Гринфаер, која остварува голем профит.
 
Компанија од Флорида ги купува кокошките по 200 долари по глава и ги продава за многу повисоки цени. На црниот пазар цената за овие кокошки достигнува и неколку илјади долари.
 
Исто така овие кокошки во Индонезија служат како дел од традиционалните фестивали.