Македонија
22. February 2019 - 10:43

Кај автобуси и возила за јавен превоз откриени неисправни уреди за кочење и управување

Во акциска контрола спроведена вчера на подрачјето на Скопје на технички преглед испратени се 49 автобуси и возила што вршат јавен превоз.

Кај нив се констатирани 16 неправилности од кои кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај два уредот за управување, а три имале неисправни светлосно-сигнални уреди. Едно возило имало неисправни останати уреди, а две возила немале комплетна опрема.

Од полицијата информираат дека се поднесени 12 барања за поведување прекршочна постапка, издадени се 18 прекршочни платни налози, а 14 возила се исклучени од сообраќај.

При акциската контрола, откриени се и два други прекршоци што ги сториле автобуси и други возила што вршат јавен превоз, како и 12 прекршоци кај останатите учесници во сообраќајот.

Акциската контрола била спроведена во периодот од 08 до 13 часот.