Балкан
4. November 2017 - 13:10

Кај Албанец во Италија откриени над 11 килограми кокаин

Италијанската полиција заплени 11,5 килограми кокаин откриен во стан на албански државјанин, во периферијата на Болоња.

- По повеќемесечната истрага при претрес во станот на албанскиот државјанин Бесиан Елезај откриени и запленети се 11,5 килограми кокаин. Дрогата беше сокриена во долниот дел на плакар, стои во полициското соопштение на кое се повикуваат албанските медиуми.

Акцијата била спроведена во координација со обвинителството, а кокаинот бил со висок квалитет.

Доколку дрогата стигнела на црниот пазар, Албанецот би „заработил" голема сума на пари.

Албанскиот државјанин е во притвор, а ќе му се суди за недозволена трговија со скапа дрога.