Живот
6. September 2016 - 11:06

Кафуле од мраз во топлиот Кувајт

Minus 11 Ice Cofe, е кувајтски локал во кој се е направено од мраз.  Единствен е на повеќе начини: најголемo „ледено кафуле“ во светот, единствен таков вид во Персискиот Залив и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Кафулето се наоѓа во познатата кула „Ал Тијарија“ висока 218,2 метра.

Во него се изградени од мраз реплики на камили, коњи, столици, маси, птици, змејови и други украси, а чашите во кои се послужуваат напитоците исто така се од мраз.

Посетителите издвојуваат 50 долари за влез при што е пресметан и пијалокот по желба, дозволено е фотографирање и допирање на скулптури од мраз, но посетата е ограничена на 45 минути.

„Minus Ice Cofe“ е посебно аткративен во земјата во која владее полупустинска клима.