Македонија
7. April 2019 - 18:36

Кафеански тепачки во Неготино и Кавадарци

Синоќа во 04:00 часот било пријавено дека во Неготино на улицата „Ацо Аџиилов“ пред кафе бар дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка премсетка меѓу П.П.(38) од Неготино од една страна и Д.Д.(37) и Е.Ј.(28) двајцата од с.Криволак од друга страна. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 22:40 часот во Полициската станица Кавадарци Ј.Д.(49) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 22:00 часот во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од М.Р. од Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.