Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот
Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста.
Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот и најголем безбедносен сојуз.
Ако до пред само две години седевме надвор и очекувавме што другите ќе одлучат за нас, денес, ние рамо до рамо рамноправно со останатите членки носиме заеднички одлуки.
Последен пример за тоа е ратификацијата на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Финска и Шведска во НАТО.
Истовремено, по 17 години чекање, конечно ги започнавме преговорите за членство во ЕУ.
Од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги започнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет.
Во меѓувреме, наспроти ова државничко однесување на СДСМ и коалицијата, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски гледаме деструктивни постапки со цел да се загрози европската иднина на државата.
Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев правеа се, од блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија за да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја загрозат иднината на државата.
Таквите обиди им пропаднаа, СДСМ, институциите и граѓаните не дозволија тие да ја загрозат европската иднина.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица одново се поразени и одново ќе бидат поразувани се додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија