Македонија
16. January 2022 - 14:41

Каевски: Лицемерието на Левица како и секогаш е пуштено на најјако

Лицемерието на Левица, како и секогаш е пуштено на најјако, кога се работи за вас и за вашиот гуру Христијан Мицкоски за да дојдете на власт некои работи не ви пречат, а за да се донесе нешто добро за граѓаните ви пречат, порача во реплика на собраниската седница посветена на изборот на новата Влада, пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

Димитар Апасиев зборувше за биотероризам, кога граѓаните очекуваа пакети мерки во ова Собрание, во услови кога се соочуваме со пандемија, а тоа не му пречеше кога требаше да „формира“ Влада со својот гуру Мицкоски, а истото се однесува и со Преспанскиот договор, потпишува документи со називот Република Северна Македонија, кога му одговора, а инаку го критикува. Вашето лицемерие не поминува ни тука во Собранието, ни кај граѓаните, нагласи Каевски во реплика на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.
Оваа влада изминатите четири години е подобра од која било Влада, предводена од која било политичка партија во претходниот период, но и тоа е не доволно зашто граѓаните очекуваат и заслужуваат повеќе, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски од собраниската говорница.

СДСМ