Македонија
27. January 2022 - 10:56

Каевски избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

– Потпретседателите го менуваат претседателот кога тој не е во можност да заседава со седницата, а по функција се и членови на Бирото на Собранието – тело кое ги координира активностите на Собранието и на комисиите, информираат од СДСМ.

Каевски исто така е и шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание кое деновиве ја одржува редовната зимска сесија.