Македонија
19. August 2020 - 12:48

Кадровските решенија во новата Влада ќе се знаат по Централниот одбор на СДСМ

Јакнење на економскиот стандард на сите граѓани, раст на платите, вложување во нови работни места, поддршка на домашниот приватен сектор и привлекување на странски инвестиции ќе бидат цел на определба на новата Влада. Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција истакна дека и од СДСМ и од ДУИ ќе бидат предложени квалитетни, чесни, одговорни и отчетни кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи на коалицискиот договор.

 ,,Како коалициски партнери целосно сме согласни да се спроведе прочистување на правосудството и проверка на пари и капитал кај секој функционер низ систем што заеднички ќе биде договорен и кој ќе ги земе в предвид најдобрите европски пракси. Заедничка е определбата во борбата со корона вирусот која треба да остане врвен приоритет на јавното здравство“ , рече Кузееска.

Во однос на кадровските решенија не можеше да ги потврди шпекулациите во медиумите туку рече дека ќе бидат објавени по завршувањето на Централниот одбор на партијата закажано за вечерва во 20 часот.

 

Даниел Василев