Живот
23. February 2021 - 14:25

Кадроглави пеликани уживаат на Дојранско езеро

 Поради изобилството храна и топлата езерска вода, јато од стотина кадроглави пеликани секоја година во периодот од ноември до март уживаат на Дојранското езеро каде претставуваат атракција за посетителите.

Богатата флора и фауна на нашиот југоисточен бисер, како и присуството на многу видови птици меѓу кои и кадроглавите пеликани, се најдобра потврда дека не случајно регионот на Дојранското езеро е прогласено за клучно подрачје на биолошката разновидност на медитеранот.

Според Општина Дојран, еден од приоритетите е подобрување на квалитетот на езерската вода и еко системот за да се подобрат условите за развој на уште побогат растителен свет и престој на птици како кадроглавите пеликани кои се најголеми и единствени во својот вид.

За спомнатите активности Општина Дојран од Владата неодамна доби на располагање 70 милиони денари.