Балкан
3. March 2016 - 8:35

Кадри Весели лидер на ДПК

Врз основа на статутот на партијата, за вршител на функцијата претседател на владејачката Демократска партија на Косово, партиското претседателство го избра Кадри Весели, актуелен претседател на косовскиот законодавен дом.

- Следната недела седница ќе одржи Националниот совет на партијата, на која Кадри Весели ќе биде избран за нов лидер на партија, стои во партиското соопштение.

Весели доаѓа на чело на партијата, откако досегашниот лидер Тачи,кој цели седуманесет години беше на чело на партијата, минатиот петок беше избран за нов претседатл на Косово.

Тачи деновиве освен од лидерската функција во партијата, поднесе оставка и од функциите потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата.

Според партиски извори нов вице премиер ќе биде Петрит Селими, додека шеф на дипломатијата Енвер Хоџај, и двајцата демократската пртија.