Loading Video...
Кошарка
4. July 2019 - 15:38

Кадетите вечерва и утре тестираат со Турција

Речиси сите машки млади кошаркарски селекции веќе подолг период ги одработуваат своите подготовки за настап на континенталните првенства. 
 
Јуниорите по скопскиот турнир одработија и две контроли во Подгорица против Црна Гора во кои првиот меч го добија со 69:67, додека на вториот загубија со 68:59.
 
За нив престојат уште три турнири, од кои два во Бугарија и еден во Скопје. Тие како и младинците (до 20 години) ќе играат во Б дивизијата на првенствата што ќе се одржуваат во Португалија и Романија
 
А, единствената која ќе се натпреварува во елитната А дивизија е кадетската селекција односно играчите до 16 години кои во првата половина на следниот месец (9 – 18 август) ќе играат на шампионатот што ќе се одржува во италијанскиот град Удине. 
 
Вечерва и утревечер нашите кадети ќе одиграат контролни дуели против Турција и тоа во големата сала на СЦ „Кале“ во терминот од 20 часот.