-->
-->
Кадетите поразени од Грузија
-->
Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) со висок пораз 88:53 од Грузија го почна настапот на Европското првенство Б дивизија што се игра во Софија, Бугарија. Резултат по четвртини: 15:19; 19:9; 21:14 и 33:11.
Нашите кадети добро го почнаа натпреварот и ја добија првата четвртина, а највисокото водство го имаа во 12.минута (23:15). Во продожение нашите кошаркари почнаа почесто да грешат и противникот до крајот на полувремето поведе со 34:28.
Во вториот дел Грузија постигна 54 поени со што стигна до високата победа. Најефикасен во македонскиот тим беше Андреј јакимовски со 27 поени. Натпреварот Македонија го заврши со 28 изгубени топки, слаба реализиација за еден поен 55% (11/20) и за три поени 19% (4/21).
На вториот натпревар од Д групата Португалија го победи Косово со 65:64, а вечерва се игра натпреварот Велика Британија - Луксембург.
Утре нашата репрезентација ќе игра против селекцијата на Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица