Loading Video...
Кошарка
5. August 2019 - 19:53

Кадетите ја враќаат надежта во македонската кошарка

Македонската кадетска репрезентација  не успеа да го освои посакуваното трето место на ЕП во кошарка од Б-дивизијата и да се врати во елитната лига откако во мечот за третото место беше поразена од Чешка со 89-80

                 Избраниците на селекторот Симиќ одиграа тежок меч против корпулентната селекција на Чешка која одлично ја одигра првата четвртина но не успеа да ја задржи предноста до крајот на првиот дел кој го решивме со предност од 4 поени.

          Лошата концентрација во третиот период дозволи противникот да постигне дури 30 поени да дојде до значајна предност која на крајот и донесе победа на Чешката република и пласман во А- дивизијата додека ние ја пропуштивме втората шанса.

          Македонија на овој турнир забележа 6 победи и два порази а особено се истакна Андреј Јакимовски кој со 18.4 поени и 9.4 скокови по натпревар  обезбеди  место во најдобрата петорка на турнирот заедно со Ноам Шимон Доврат од Израел, Матеус Казовски од Полска, Пеле Ларсон , Шведска и Чехот Давид Бом.

          Селекторот на кадетите  Тони Симиќ  по завршувањето на првенството  изрази благодарност за младите кошаркари за нивната борбеност и пред се добра игра на шампионатот.  Не е мала работа да се направи серија од 6 победи и да се стигне до полуфинале – напиша Симиќ на фејсбук.