Фудбал
18. November 2017 - 16:22

Каде ќе работи Енрике?

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, бил подготвен да ги слушне понудите за наредната сезона, екслузивно пренесе каталонскиот весник „Спорт“.
 
Според овој извор, Луис Енрике сметал дека доволно долго бил на одмор и дека бил подготвен повторно да работи. Енрике е на одмор од мај кога ја напушти Барселона и му го отстапи своето место на Ернесто Валверде.
 
Весникот повикувајќи се на извори кои се блиски до тренерот, Луис Енрике, сакал да биде дел од голем спортски проект и дека на тоа е фокусиран, парите во овој случај му биле помалку важни.
 
Како можни дестинации Луис Енрике посочил три места, а тоа се Минхен, Париз и Лондон, што значи дека во комбинација се најмалку пет екипи.
 
Во Минхен и Париз се знае кој е газда (Баерн и ПСЖ), а и веројатно е дека актуелните тренери на овие тимови, Јуп Хајнкенс и Унаи Емери, нема да бидат тука кога ќе заврши сезоната. Секако доколку не се случи нешто спектакуларно, во случајот на тренерот на ПСЖ, Емери, тоа е титула во Лигата на шампионите. Хајнкенс, самиот кажа дека дојде да го „гаси пожарот“ по отказот кој го доби Карло Анчелоти и дека има намера повотрно да се врати во пензија.
 
Сосема поинаква е приказната во Лондон и желбата на Енрике за големи проекти, тогаш тука се Арсенал, Челси и Тотенехм.
 
Варијантата со Тотенхем изгледа невозможна бидејќи Маурисио Покетино врши голема работа со тимот, а Арсенал и Челси се реални опции.
 
Прашање е колкаво ќе биде трпението кај челниците на Арсенал доколку Арсен Венгер доживее уште еден неуспех, додека Антонио Конте константно има несогласувања со сопственикот на Челси, Роман Абрамович.
 
Луис Енрике во кариерата работел во Рома, Селта Виго и Барселона. Тој со Барса осовои осум трофеи за три години.