Loading Video...
Фудбал
19. July 2019 - 10:10

Каде е мак-фудбалот на европската мапа !?

Три од четирите македонски претставници во европските фудбалски купови, го завршија својот настап уште во првото квалификациско коло. Останува само Шкeндија која наместо во Лигата на шампиони, ќе продолжи во Лига Европа.
 
Од вкупно осум одиграни натпревари, само една победа и еден нерешен исход, а дури шест порази претрпеа четирите македонски преставници на европската сцена. 
 
Со победата на гости во Естонија кај Номе Каљу со 1-0, македонскиот првак Шкандија многу рано почна да размислува за Селтик и настап во второто коло од квалификациите за ЛШ. 
 
Студениот туш дојде на домашен терен кога естонскиот тим со гол во судиското дополнение славеше со 2-1, па тетовци наместо дуел со шкотскиот гигант ќе мора да се задоволат со барем уште два меча со неатрактивниот Дуделанж од Луксембург и тоа во условно послабо квалитетното натпреварување, Лига Европа. 
 
 
Но. Дека и Лига Европа нема слаби противници, барем кога во прање се нашите фудбалски тимови, потврдија и петте порази на трите наши преставници во ова натпреварување. 
 
Шкупи, беше блиску да ја мине првата пречка. Но, пропуштеното во првиот меч против веќе етаблираниот на европската сцена Пјуник, се покажа како клучно за елиминацијата на скопскиот тим. Нерешените 3-3 од гостувањето во Ерменија, само ги подлажаа фудбалерите и навивачите на овој клуб, па по синоќешните 2-1 на домашен терен Шкупи брзо беше вратен во реалноста. 
 
 
И во втората македонско-ерменска пресметка, поуспешни беа Ерменците. Составот на Македонија ЃП и во двата меча беше поразен од анонимниот не само за нас туку и фудбалска Европа, тим на Алашкерт. Голот надеж на гостински терен во поразот од 1-3, им влеваше надеж на Ѓорчепетровци дека во Скопје  може да се надополни негативата. Сепак. Наместо во „лавивите“ погодуваа гостите од Ерменија па на крајот со вкупни 6-1, Алашкерт е тимот кој продолжи во следната рунда. 
 
 
Освојувачот на македонскиот куп, екипата на Академија Пандев речиси и да не сосдаде шанса за гол во двомечот со босанскиот петставник Зрињски. По скопските 0-3 „пандевци“ и во реванш дуелот на гостувањето во Мостар загубија со идентични 3-0. 
 
 
Така од четири, останаа само една екипа која ќе го претставува македонскиот фудбал на европската сцена. Шкандија веќе следната седмица ќе го игра првиот меч против Дуделанж во второто квалификациско коло за Лига Европа. Научена ли е лекцијата од Номе Каљу ќе видиме по реваншот кој ќе се одигра на 1 август. 
 
Едно е јасно, дека мак-фудбалот е многу далеку од европскиот квалитет, чест на исклучокот кој го направи Вардар пред две години кога стигна до групната фаза во Лига Европа, каде не се прослави.