Балкан
11. January 2018 - 13:48

Кацикис: Независни Грци ќе учествуваат на протестите во Солун

Пратеникот од Независни Грци, Костас Кацикис, говорејќи за солунското радио Фокус, откри дека тој и неговите колеги од партијата, ќе бидат дел од протестите во Солун, за името.

- Бидејќи Независни Грци, патриотските прашања ги имаат на врвот од агендата. Како е можно Независни Грци да не учествуваат во протестите и во активностите на народот?, го праша новинарот, пратеникот од партијата - коалиционен партнер во владата.

- Кој ви рече дека нема да учествуваме? Во Солун е радиото, таму сте, ќе нѐ видите. Секако дека Независни Грци ќе учествуваат на собирите, ќе бидат таму нашите пратеници, Македонците, оние од Северна Грција, ќе се обидам да дојдам и јас, рече Кацикис за солунското радио.

Протестот против за името Македонија, како што веќе објави дописникот на МИА од Атина, закажан е за 21 јануари во Солун.