Свет
2. July 2016 - 19:29

Качински бара да се подаде рака на Велика Британија

Полскиот претседател Јарослав Качински ја повика денеска Европската унија да и пружи рака на Велика Британија, тврдејќи дека тоа е клучно за да се спречи распадот на Европската унија.

- Мораме да и пружиме рака на Британија. Мораме да и дадеме шанса, шанса да се врати, изјави тој на конгресот на својата конзервативна партија на правдата и правото.

Качински, познат и по евроскептицизмот, не прецизраше на што конкретно мисли, но тврди дека неговата идеја има поддршка и во други земји, посебно меѓу германските социјалдемократи.

Тој исто така го критикуваше цврстиот став на водечките членки на ЕУ кон Велика Британија после Брегзит, кои бараат процесот на раздружување да почне што побрзо.