Македонија
12. јуни 2019 - 16:30

Кацарска нема да може да ги суди организаторите на „27 април“

 

Судијката Добрила Кацарска нема да може да го суди предметот за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Првично АКМИС системот на Кацарска и го доделил предметот за оценка на обвинението за овој кривично правен настан по што таа веднаш побарала изземање поради пристрасност, но не била утврдена пристрасност и и било одбиено барањето. Утредента Кацарска повторно поднела ново барање со кое побарала изземање од случајот поради оформено мислење од претходното судење за извршителите на настаните што и било прифатено. Според информациите од Кривичниот суд, подоцна АКМИС системот предметот за оценка му го доделил на судијата Горан Бошевски.

Согласно судската практика, судија кој врши оценка на обвинението на предмет не може да го суди, а тоа нема да може да го прави и судијката Кацарска, бидејќи веќе има оформено мислење за кривично правниот настан што го потврдила со барањето за изземање што и било одобрено.