Свет
26. August 2017 - 9:55

Кабул: Во напад на шиитска џамија загинаа 28 лица

Во напад на шиитска џамија во областа Каир Хана во  Кабул загинаа 28 лица, а осуммина се повредени.

Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Исламска држава. 

Борците на ИД извршија напад врз шиитска џамија во областа Каир Хана во Кабул, објави новинската агенција на ИД - Амак. 

Меѓу загинатите лица има најмалку двајца полицајци. 

Осум лица се повредени во нападот, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.