Македонија
7. јуни 2018 - 16:35

Кабинет на претседателот на РМ: Заев на ниту една средба не побарал Иванов да стави потпис на Законот за јазици

Заев никогаш лично од Иванов не побарал потпишување на законот за јазици за тој да може да стапи во сила, велат за Сител од кабинетот на претседателот. Реакцијата од кабиентот на Иванов стигнува откако премиерот Заев јавно го повика шефот на државата да го потпише указот на законот со кој се официјализира  албанскиот јазик, а кој веќе три месеци стои во неговата фиока. Претседателот го користи т.н. џебно вето бидејки смета дека законското решение е спротивно на Уставот.

„Никогаш на ниту една средба премиерот Заев на Претседателот не му го спомнал законот за јазици, ниту пак, побарал негово потпишување“, велат официјално од Кабиентот на Иванов.

Од таму додаваат дека шефот на државата стои на претходно изнесене ставови околу законското решение.

Заев пак, тврди дека неколку пати му посочил на Иванов да го потпише указот и да дозволи неговата уставност да одлучува Уставниот суд, а потоа за него да се произнесе и Венецијанската комисија.

ТОНСКО ЗАЕВ „Со непотпишувањето на овој Закон се праќа порака дека Иванов може кога сака да стави ‘џебно вето’ и на кој било друг закон. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е голема. Треба да се остави тој закон да дише. Ако дише и ако со тој закон се зголемуваат одредени права, полесно ќе влеземе во процес на преговори и отворање поглавја со ЕУ“, изјави Заев.

Законот  двапати го помина тестот на парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, еднаш во јануари и еднаш во март иако за неговото донесување имаше силни реакции во јавноста и од експертите. Поради тоа Иванов двапати пак, се реши да не го потпишува указот за негово стапување во сила.

Талат Џафери  најави дека тој ќе го испрати законот за објавување во Службен весник со еден потпис – неговиот бидејки не може да дозволи Иванов да се меша во законодавната функција на парламентот. Но кога тоа ќе го направи не кажува.