Кабинет на Иванов: Претседателот никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза
Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов вечерва соопштија дека жалат за инцидентот во Крушево, но дека тој не бил предизвикан од пораките во говорот на претседателот.
- Петседателот на Република Македонија никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза. Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов, пишува во реакцијата на Кабинетот на Иванов.
Оттаму и порачуваат на Владата самата да се праша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и, како што се наведува, таа да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала