Кабинет на Иванов: Претседателот не е информиран за каков било постигнат договор меѓу Заев и Ципрас
Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираат од Кабинетот на Иванов.
На информативната средба одржана во Клубот на пратеници на 27 јануари 2018 година, нагласуваат, присутните беа информирани за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц во рамки на процесот што се води под покровителство на Обединетите нации.
- При информирањето за исходот од средбата во Давос не се спомена каков било постигнат договор или, пак, спогодба за којашто сега јавноста ја информираат грчки претставници. Македонскиот претседател останува на јавниот став искажан по таа средба, а во очекување Владата да ги информира граѓаните на Република Македонија за преземените активности на владините претставници, по однос на ова прашање, посочуваат од Кабинетот на Иванов.
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино