Македонија
12. February 2019 - 14:19

Кабинет на Иванов: Претседателот беше поканет откако заврши настанот

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантираат информациите од Владата дека тој бил уредно поканет да присуствува на свеченоста на НАТО пред Владата.

„Откако заврши настанот ја добивме поканата за присуство на претседателот Иванов“, изјавија за МКД.мк од неговиот кабинет.

На свеченоста не присуствуваше, а бил поканет и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како ни претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.