Свет
13. February 2017 - 13:21

Јужнокорејската владејачка партија го промени името во Слободна Кореја

Јужнокорејската владејачка партија Саенури денеска официјално го промени името во Партија Слободна Кореја, што е дел од напорите да ја обнови својата репутација по симнувањето од власт на претседателката Парк Геун-хе. 

Промената на називот е направена пет години откако Големата национална партија го промени името во Саенури во 2012 година, јави Фена.

Лидерот на партијата, Ин Мунг-јин изјави дека партијата мора повторно да ги воспостави конзервативните вредности и да се подготви за новата Јужна Кореја така што ќе направи реформи.

Јавната поддршка на партијата падна на помалку од 10 отсто по корупцискиот скандал со претседателската Парк и нејзината долгогодишна пријателка. 

Претседателската Парк и понатаму е во оваа партија и покрај тоа што партијата повикува на нејзино доброволно заминување.