Свет
9. August 2017 - 9:42

Јужноамерикански држави: Во Венецуела има уривање на демократијата

Шефови на дипломатии на 17 јужноамерикански држави остро ја критикуваа Владата на Венецуела поради уривање на демократијата. Тие нагласуваат дека нема да го признаат новото уставотворно собрание што го сметаат за симбол на приграбување на власта од страна на претседателот Николас Мадуро.

Перуанскиот министер за надворешни работи Рикардо Луна прочита соопштение од тие држави на состанок во Лима во кое се изразува „осуда за уривањето на демократското владеење во Венецуела“ каде во „Уставотворното собрание составено од приврзаници на Мадуро, се дадени широки овластувања“.

Тие држави нагласуваат дека нема да признаат одлуки од новото собрание.