Свет
18. April 2017 - 9:08

Јужноамерикански држави со повик до Венецуела да гарантира мирни демонстрации

Единаесет јужноамерикански држави ја повикаа Венецуела да го гарантира правото на мирни демонстрации, два дена пред митинзи закажани во Каракас за и против режимот на претседателот Николас Мадуро.

– Ја повикуваме Владата на Венецуела да го гарантира правото на мирни демонстрации, соопштија Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Мексико, Парагвај, Перу и Уругвај.

Од почетокт на април пет луѓе загинаа и стотици беа повредени во антивладини демонстрации во Венецуела. Мадуро вчера објави дека војници ќе бидат распоредени во државата имајќи ги предвид демонстрации на опозицијата закажани за утре.