Свет
8. September 2017 - 17:44

Јужна Кореја стравува од нови нуклеарни тестирања на Пјонгјанг за време на викендот

Јужна Кореја внимателно ги следи активностите на Пјонгјанг, стравувајќи дека би можеле повторно да истрелаат интерконтинентални балистички ракети и тоа в недела, за време на прославата на Денот на државноста на Северна Кореја.

Портпаролот на Министерството за обединување во Сеул, Еуген Ли изјави дека Северна Кореја би можела повторно да тестира нуклеарни проектили овој викенд или поточно на 10 септември, на Денот на државноста на земјата.