Свет
13. March 2017 - 8:16

Јужна Кореја: Северна Кореја во секој момент може да изврши нуклеарно тестирање

Северна Кореја е подготвена за ново подземно нуклеарно тестирање, предупреди денеска претставник на јужнокорејското Министерство за национално обединување, јави ТАСС. 

Тој наведе дека севернокорејските војници само чекаат наредба од државното раководство. 

Новите сателитски снимки покажуваат дека затворената комунистичка држава се подготвува за нова, шеста по ред нуклеарна проба, истакаа американските аналитичари. 

Северна Кореја досега изврши пет нуклеарни тестирања - во 2006, 2009, 2013 и 2016.