Свет
24. October 2017 - 9:22

Јужна Кореја, САД и Јапонија почнаа дводневни воени вежби

Јужна Кореја, САД и Јапонија почнаа дводневни воени вежби со цел подготовка за одговор на ракетна или нуклеарна закана од Северна Кореја.

Вежбите се спроведуваат во водите крај бреговите на Јужна Кореја и на Јапонија, а ќе биде вклучена и симулација на маневри за пресретнување на ракети.

Истовремено, во заедничка изјава министрите за одбрана на трите земји истакнаа дека севернокорејската нуклеарна програма е сериозна закана без преседан.