Свет
10. March 2017 - 9:08

Јужна Кореја: Претседателката Парк официјално да се отстрани од функција

Уставниот суд на Јужна Кореја денеска донесе историска одлука да се острани официјално од функцијата претседателката Парк Геун-хје заради корупциски скандал што предизвика политички хаос и повика за радикални реформи во азиската држава.

Парк стапи на функција во 2012 година.

Едногласната одлука на Судот отвора пат за можно поведување кривична одговорност. Парк е првиот демократски избран лидер на Јужна Кореја кој е предвреме отстранет од функција, од почетокот на демократските промени во таа држава во крајот на 80-те години од 20 век.

Јужна Кореја сега треба да организира избори во следните два месеца за наследник на Парк. Парламентот гласаше импичмент на Пак во декември откако претходно неколку недели милиони Јужнокорејци протестираа со барање за нејзина оставка.

Таа е обвинета дека заедно со својата пријателка, Чои Сун Сил вршеле притисок врз големи компании да уплатуваат милионски донации во две фондации во нејзина сопственост. Парк и Чои обезбедиле и мито од Самсунг групацијата со цел да се зацврсти контролата на директорот на Самсунг, Џеј Ли над фирмата, соопшти специјалнтоо обвинителство на Јужна Кореја.