Свет
5. February 2018 - 11:03

Јужна Кореја ќе забрани влез за 36.000 странци пред почетокот на Олимпијадата

Јужна Кореја од безбедносни причини ќе забрани влез за 36.000 странци за време на Зимските олимписки игри.

Разузнавачката агенција на Јужна Кореја соработува со странски разузнавачки служби со цел подобрување на проверка на идентитетот на странските државјани, согласно антитерористичкиот план за Олимпијадата, пишуваат јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на неименуван пратеник.

Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг ќе се одржат од 9 до 25 февруари, а ќе учествуваат околу 3.000 спортисти од 92 земји.