Свет
1. March 2017 - 10:49

Јужна Кореја и САД ја почнаа годишната воена вежба

Јужнокорејските и американските сили ја почна денеска годишната воена вежба, додека северенокоејскиот лидер Ким Џонг-ун им нареди на своите сили да се подготват за „немилосрден напад врз непријателот“.

Вежбите секогаш доведуваат до пораст на тензиите на поделениот Корејски Полуостров, а оваа година почнаа откако Северна Кореја изврши проба на балистичка ракета и убиството со нервен гас на полубратот на Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам во Малезија. 

Бројот на војниците, кои учествуваат во вежбите е сличен со бројот од претходната година, изјави портпаролот на американската војска. 

Во воените вежби на двете земји лани учествуваа 300 илјади јужнокорејски и 17 илјади американски војници.