Свет
2. July 2020 - 8:51

Јужна Кореја ги отвори сите 270 плажи, со барање за почитување на строги хигиенски мерки

Плажите во Јужна Кореја од вчера и официјално се отворени, но од посетителите се бара да се подложат на строгите мерки за дезинфекција и да ги одржуваат, без исклучок, пропишаните мерки за физичка дистанца, пренесе агенцијата Јонхап.

Туристите ќе можат да се релаксираат и да се одмораат на вкупно 270 плажи во Јужна Кореја.

Годинава е откажана и традиционалната церемонија на отворање на сезоната на капење. Место тоа, локалните власти сите свои ресурси ги насочија кон спроведувањето на хигиенските мерки за минимизирање на ризикот од ширење на коронавирусот.