Loading Video...
Фудбал
28. January 2019 - 15:21

Јувентус со пресврт до победа над Лацио во Рим

 
 
Екипата на Јувентус со пресврт забележа победа над Лацио во дербито од 21.коло на италијанската Серија А. 
 
На дуелот одигран на „Олимпико“ во Рим, домачќините нповедоа со авто-голот на Емре Чан во 59-минута, а Жоа Консело во 74-тата и Кристијано Роналдо од пенал во 88-минута му донесоа нова победа на Јувентус. 
 
Со новите бодови, но и нерешениот исход на дуелот Милан – Наполи (0-0), екипата на Јувентус ја зголеми предноста во однос на конкурентите, па сега „старата дама“ има 48 бодови, додека Наполи е на 40, а Милан на 35 бода.