Loading Video...
Фудбал
17. December 2017 - 18:14

Јувентус сигурен на гостувањето кај Болоња

Актуелниот шампион на Италија, екипата на Јувентус забележа сигурна победа на гостувањето кај Болоња.

На дуелот од 12.коло во Серија А, одигран попладнево „Старата дама“ славеше триумф со 3-0 против Болоња. 

Серијата на голови ја отвори Миралем Пјаниќ во 27.минута, а девет минути (36) подоцна Марио Манџукиќ зголеми на 2-0. Конечниот резултат го постави Блес Матуиди со погодокот во 64-тата минута. 

Со овој триумф како и по вчерашниот „кикс„ на Интер кој загуби на домашен терен од Удинезе (1-3), екипата ја Јувентус се проби на второто место на табелата со 41 бод, еден помалку од лидерот Наполи и еден повеќе од сега трето рангираниот Интер. 

Во следното коло Јувентус во дербито е домаќин на Рома која со 38 бодови, но и натпревар помалку е на четвртото место на табелата.