Фудбал
26. January 2017 - 8:57

Јувентус преку Милан до 1/2-финалето на италијанскиот куп

Јувентус е втората екипа која обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. 
 
Во реприза на минатогодишното финале, Јувентус го сповлада Милан со 2-1. На средбата одиграна синоќа во Торино, головите за домашниот тим ги постигнаа Пауло Дибала (10.минута) и Миралем Пјаниќ (21), додека погодокот за Милан беше дело на Бака (53). 
 
Јувентус за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Наполи кој во првиот четвртфинален меч, одигран ден порано, со 1-0 ја победи екипата наФиорентина.
 
Втората полуфинална двојка во „Копа Италија“ ќе ја сочинуваат победниците од натпреварите меѓу Интер – Лацио и Рома – Чезена, кои ќе се играат на 31 јануари и 1 февруари, ќе се сретнат.