-->
-->
Јувентус подобар во дербито со Интер
-->
Лидерот и шампион во Серија А, тимот на Јувентус го совлада Интер со 2:0 во дерби натпреварот од 27.коло одигран синоќа во Торино.
Стрелци на головите за домаќините беа Леонардо Бонучи во 47.минута и Алваро Мората од пенал во 84.минута.
По оваа победа Јувентус ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Наполи на четири бода, но „наполитанците“ имаат натпревар помалку.
Резултати на другите седум завршени дуели од оваа рунда:
Емполи – Рома 1:3,
Милан – Торино 1:0,
Палермо – Болоња 0:0,
Карпи – Аталанта 1:1,
Сампдорија – Фросиноне 2:0,
Киево – Џенова 1:0,
Удинезе – Верона 2:0.
Колото ќе се комплетира вечер со натпреварите: Лацио – Сасуоло и Фиорентина – Наполи.
Табела: Јувентус 61 бод, Наполи 57, Рома 53, Фиорентина 52, Интер 48, Милан 47,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето