Loading Video...
Фудбал
1. April 2018 - 9:18

Јувентус го доби дербито против Милан

 
 
 
Јувентус го доби дербито во 30.коло Серија А откако пред својата публика го совлада Милан со 3-1. 
 
Димаќините поведоа уште во 8.минута со убавиот гол на Пауло Дибала, но Милан во 28.та преку Леонардо Бонучи израмни на 1-1. 
 
Иако гостите од Милано во вториот дел имаа неколку убави можности за втор гол, сепак донаќините беа оние кои ја тресеа мрежата на противникот. 
 
Во 79.минута само што влезе во игра Хуан Квадрадо погоди за 2-1, а точка на натпреварот и на победата на Јуве стави Сами Кедира во 87.минута 
 
Јувентус го ископрости киксон на Наполи кој на гостувањето кај Сасуоло одигра 1-1 па сега „Старата дама“ има четири бода предност во однос на наполитанците во трката за шампионскиот трофеј .